Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕден од најдобрите стрелци во историјата на Премиер Лигата се сели во ВБА?

Еден од најдобрите стрелци во историјата на Премиер Лигата се сели во ВБА?

Тони Пјулис “нанишани“ двајца играчи кои би сакал во следниот преоден рок да ги види на “Хоторнс”.

ВБА има направено одлична работа во оваа сезона, новата управа му ја покажа својата доверба на Пјулис, Велшанецот ги стави на осмото место во Премиер Лигата.

Сепак, ВБА и покрај високиот ранг се една од најнеефикасните тимови во шампионатот, постигна само 41 гол, па приоритет во следниот преоден рок ќе биде ангажирање на конкурент за напаѓачот Соломон Рондон. Двајца играчи наводно биле на радарот на клубот, тоа се напаѓачот на Сандерленд Џермејн Дефо, како и капитенот на Ватфорд Трој Дини.
Deeney-Twitter-Leicester

promo252528521

Дефо сигурно ќе го напушти “Стадионот на светлината”, како што сигурно Сандерленд се сели во понизок ранг, 34-годишниот напаѓач верува дека има енергија за најмалку уште една добра сезона. Тоа мислење го има и Пјулис, кој е убеден дека ангажманот на Дефо гарантира повеќе голови за ВБА.

Ако не успеваат да го ангажираат, опција е Трој Дини, кои веќе нема загарантирано место во првиот тим на Ватфорд.