Дрејк претставува две нови песни
Кон музичкиот трон Дрејк се движи полека и тоа со помош на хип-хоп гигантите Џеј-зи и Кание Вест, а тука се уште и Визкид и Кајл. За офанзива на светските топ-листи канадскиот рапер подготви уште две нови песни- „Pop Style“ и „One Dance“. Песната „Pop Style“ е резултат на соработката на Дрејк со тандемот „The Throne“. Овој тандем го сочинуваат Џеј-зи и Кание Вест, кои својот прв заеднички албум „Watch The Throne“ го објавија во далечната 2011 година. Во остварувањето на втората песна „One Dance“ помогнаа нигерискиот рапер Визкид и филипинската пејачка Кајл.
Дрејк минатата година го објави својот четврти микстејп „If You’re Reading This It’s Too Late“, а потоа уште еден колоборативен микстејп „What a Time to Be Alive“ во соработка со Нејвејдијус Вилбурн, уште познат како „Future“. Оваа година Дрејк ја започна со гостувањето во првиот сингл на Ријана од нејзиниот албум „Anti“, во песната „Work“. Како што најави и самиот рапер, нешто подоцна за време на оваа година треба да се очекува и албумот „Views From The 6“.