Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДосега 6.181 граѓанин се пријавил за регулирање на избирачкото право, рокот е до петок

Досега 6.181 граѓанин се пријавил за регулирање на избирачкото право, рокот е до петок

Вкупно 6.181 граѓанин денеска до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за регулирање на избирачкото право. Овие лица се меѓу 39.502 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 2.743 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.438 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет страницата на Комисијата. Електронските пријави подлежат на дополнителни проверки од страна на Комисијата.

Најмногу пријавени има во општините Чаир-833, Сарај-471, Тетово-422, Куманово-415 и Кичево – 311.

Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува во петок на 19 август.