Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДојди ми на лидерска – Од понеделник нова средба

Дојди ми на лидерска – Од понеделник нова средба

Главните политички партии од понеделник повторно ќе седнат на преговарачка маса за постигнување на конечен договор за излез од политичката криза, што ќе значи потврда на договорот од 2 јуни под мониторинг на ЕУ и САД, а ќе се „испеглаат“ и последните барања на опозицијата. Најавата за нова лидерска средба од наредната недела ја даде Мендух Тачи од ДПА по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието, пренесува Вест.

Копјата ќе се кршат околу формирањето на техничка влада и повлекување на премиерот Грувески на одреден период пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година како главен предуслов на опозицијата. Досега комуникацијата се одвива само со „протечени“ информации од двата табора на СДСМ и ВМРО без никакви официјални прогнози за можно решение.