Wednesday, May 8, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Dinosaur Jr“ ќе издадат нов албум

„Dinosaur Jr“ ќе издадат нов албум

Бендот „Dinosaur Jr“ се враќа на музичката сцена со нов албум кој ќе биде наречен „Give a Glimpse Of What Yer Not“, а би требало да биде објавен на пети август. Интересно е тоа што иако овој бенд постои уште од 1980 година, повеќе албуми имаат издадено во 21 век отколку на самиот почеток. Во минатиот век во оригинален состав објавија само три албуми, а кога повторно се собраа во 2005 година постојано настапуваат и снимаат нови материјали.

Од вкупно 11 песни кои ќе се најдат на новиот албум, девет се мешавина од повеќе музички жанрови во исто време- од ретро глам па се до метал. Во познатото ток шоу „Later..with Jools Holland“, „Dinosaur Jr“ изведоа песна која ќе се најде на новиот албум и потсетија зошто овој бенд и понатаму е одличен.