Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК: Извештајот за спорните гласачи на списокот е конечен

ДИК: Извештајот за спорните гласачи на списокот е конечен

Државната изборна комисија (ДИК) заклучи дека во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување согласно објавениот јавен повик, не беше поднесено барање од три или повеќе члена на ДИК за дополнителна проверка за кое било од лицата кои се пријавиле во текот на увидот со што е конечен Извештајот за пријавените спорни гласачи.

– Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список од 23.08.2016 година е конечен. Горенаведениот заклучок станува составен дел на Извештајот, соопшти ДИК.

Оттаму информираат дека ќе достават писмено известување до четирите најголеми политички партии со Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, Заклучокот од 30.08.2016 година, кој станува составен дел на Извештајот и Информација за состојбата со Избирачкиот список по завршената постапка за пријавување на граѓаните.