Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК е подготвена да ги спроведе локалните избори

ДИК е подготвена да ги спроведе локалните избори

Државната изборна комисија е подготвена за локалните избори. Усвоен е прирачникот за работа на општинските комисии, изјави денеска изјави Субхи Јакупи од ДИК.

– Подготвени сме да спроведеме избори согласно Изборниот законик и другите законски акти. Ние овие два месеца се фокусиравме на усвојување на најважните акти за да бидеме подготвени за локалните избори. Денеска на дневен ред е усвојувањето на прирачници за општинските изборни комисии и избирачките одбори – изјави Субхи Јакупи од ДИК.

Посебниот избирачки список не е во сила, имаше важност до последните парламентарни избори, соопшти комисијата.