Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЏон Сноу се појави на Вимблдон

Џон Сноу се појави на Вимблдон

Љубителите на тенисот кои не гледаат Game of Thrones сигурно се прашуваат кој е Џон Сноу и каква врска има тој со турнирот, но затоа пак фановите на серијата имаат огромни причини за задоволство. Обично не би пишувале за фризурите на актерите, но ова воопшто не е таква статија, а исто и да ги предупредиме сите кои не ја гледале последната епизода на Game of Thrones бидејќи следат тешки спојлери (You now nothing).

Актерот Кит Харингтон се појави со фризура која е карактеристична за Џон Сноу од серијата што придонесе фановите ширум светот веднаш да започнат со своите теории дека токму тоа е знак дека ќе го видиме и во шестата сезона.

jon snow1

Џон Сноу беше избоден (до смрт) во финалето на Game of Thrones и оттогаш слушаме изјави од продуцентите и актерот дека нема враќање иако сите очекуваме да го видиме повторно бидејќи има милион недовршени работи. Сериозно дали ќе дознаеме кои му се вистински родители и дали ќе учествува во финалната битка за тронот.