Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏокерот убиец се брани со лудило

Џокерот убиец се брани со лудило

Џејмс Холмс по три години на судење ќе се соочи со конечна пресуда, доживотен затвор или пак смртна казна. Холмс во 2012 за време на премиерата на The Dark Night влета во кино сала со обоена коса слична на негативецот Џокерот и уби десетина лица со огнено оружје.

aurora masakr

Сега, неговата одбрана тврди дека младиот Џејмс Холмс имал психичко пореметувања и затоа не бил целосно пресметлив при масакрот во Аурора, Колорадо, а неговото семејство во сведочењето пред судот тврдеше дека психологот од неговиот факултет др. Лин Фентон не реагирала навреме на предупредувачките знаци и заканите дека ќе тргне во крвав поход.

Сведоците во негова корист искажаа дека Холмс бил мирно дете, културно и повлечено и не знаеле со какви психички проблеми се соочува. За изрекување на смртна казна потребно е сите членови на поротата да имаат едногласна одлука, а Холмс одби да даде завршен збор и се бранеше со молчење.