Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛудило на пазарот- 20 најпреплатени фудбалери ова лето!

Лудило на пазарот- 20 најпреплатени фудбалери ова лето!

Зад нас е уште едно возбудливо лето натрансфер маркетот, а клубовите повторно се расфрлаа со пари со цел да ги доведат посакуваните засилувања. Според истражувањата на угледниот „CIES Footballer Observatory“, голема количина на фудбалери се платени далеку повеќе од својата реална цена на пазарот.

Секако во прв план е Гонзало Игуаин, кој беше платен 90 милиони евра, но тоа беше неговата откупна клаузула која Јуве мораше да ја плати со цел тој да биде доведен. Неговата вистинска вредност според овие податоци изнесува 66.2 милиони евра, па разликата е 23.2 милиони евра колку што Јуве плати „над неговата цена“.

После Игуаин, најмногу над својата реална цена е платен фудбалерот на Јунајтед Ерик Бејли, кој вреди 14.9 милиони, а е платен 37 милиони, па разликата изнесува нешто помалку за разлика од Аргентинецот односно -23.5 милиони. Интересно е што според овој извор Пол Погба вреди дури 94.8 милиони евра, односно дека со трансферот на Јунајтед тој бил преплатен „само“ 15.2 милиони.

Како и да е, најголем број од фудбалерите и ова лето се преплатени, а ова е листа од топ 20 такви.

transferi20498370020160905182807