Sunday, Apr 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноДевојка од Кина во 17 месец од бременоста!

Девојка од Кина во 17 месец од бременоста!

Ванг Ши е трудна веќе 17 месеци, но се уште не се породила, а докторите велат дека не можат да извршат царски рез бидејќи бебето се уште не било доволно развиено. Тамошните медиуми пренесуваат дека Ши, која живее во Тианпинг, забременила во февруари минатата година, а дека нејзиниот термин за раѓање бил на 5 ноември 2015 година.

Ванг сега секои 10 дена оди во болница за докторите да ја следат нејзината состојба. Ултразвукот покажувал дека бебето се уште било во втората фаза од развојот, а докторите објаснуваат дека не е доволно зрела за предвремено раѓање. „Експертите се сложуваат дека e возможно и после 13 месеци бременост бебето да се роди живо и здраво, но дека 17 месеци бременост до сега е непознат случај. Никој не може да објасни зошто мојата сопруга до сега нема родено“, вели нејзиниот сопруг.

Vang-1

Ванг се чувствува добро и докторите сметаат дека е во добра здравствена состојба. Планираат раѓаето да се случи со помош на царски рез кон почетокот на 18 месец од нејзината бременост. Рекордерката по должина на бременоста до сега беше Американката Беула Хантер со 375 дена долга бременост.