Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДецата ја одбележуваат Неделата на вкусови во Француското интернационално училиште

Децата ја одбележуваат Неделата на вкусови во Француското интернационално училиште

Со подготовката на оброци од различни кујни во Француското Интернационално училиште се обележува неделата на вкусови. Од 5 до 9 октомври, преку процесот на приготвување храна, активности и интерактивни работилници децата секој ден ќе се запознаваат со карактеристиките на некоја од националните или специфичните кујни и вештини на готвење.

EFIS - Nedela na vkusovi 2

„Француското интернационално училиште како акредитирано училиште од Француското Министерство за образование веќе 15 години ја прославува Неделата на вкусот преку разни работилници. Сите активности што ги организираме во текот на оваа недела се осмислени на начин на децата да делуваат едукативно и да им пренесат дел од светското гастрономско наследство. Покрај космополитскиот дух, овие работилници се добри затоа што ги учат децата на активно учество во подготвувањето на семејниот оброк“, изјави Себастијан Шевале, директор на ЕФИС.

Неделата на вкусовите во ЕФИС опфаќа, работилница со нутриционист Надица Илиевска, за здрава и урамнотежена исхрана и заедничко приготвување на зеленчукова супа, денеска гостин беше шефот на кујната на PASTA FELICE, Спиро Спасески и со децата и учениците од училиштето и градинката, заеднички ќе приготвуваат тестенини. На работилницата во четврток и петок ќе бидат вклучени и родителите и ќе се приготвува храна според изборот на децата.

Неделата на вкусот првпат се појавува како настан на 15 октомври 1990 година во Франција на иницијатива на 350 познати француски готвачи кои креираат работилници во основните училишта во Париз. Од 1994 Неделата на вкусот како настан се одржува насекаде во Франција, училишта, градинки, детски клиники, ресторани, хотели.