Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДеца на војната, трагична фотографија од светот во кој живееме

Деца на војната, трагична фотографија од светот во кој живееме

Сликата на младото момче од Сирија Омран стана симбол на војната во Сирија. Хуманитарните организации истакнуваат дека постојат илјадници слични приказни на тешко повредени или убиени деца. УНИЦЕФ пренесува дека во Сирија од почетокот на војната биле родени околу 3.7 милиони деца. Тие деца незнаат за нормално секојдневие, секојдневие без пукање, без бомби, страв и бегање во разни засолништа.

УНИЦЕФ исто така пренесува дека од војната биле вкупно погодени 8.4 милиони деца, 80 отсто од сите деца во земјата, без разлика дали биле во Сирија или во бегство во некоја друга земја. Потресната фотографија од момчето Омран кој крвав, покриен со прашина и видно збунет седи на портокалово столче во колите на брзата помош во Алепа, стана најнов симбол на војната во Сирија. Медиумите од целиот свет известуваа за ова петгодишно момче кое беше спасено од рушевините.