Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенешното рочиште за случајот „Дива населба “ одложено поради болест на судијката

Денешното рочиште за случајот „Дива населба “ одложено поради болест на судијката

Денешното рочиште на судскиот процес за „Диво насеље“ се одложи затоа што судиката која го води овој случај е на боледување.

По неколку одложени рочишта поради немање услови, судскиот процес повторно требаше да се врати во големата сала на Врховниот суд, која минатата недела со решение на Владата му беше отстапена на Кривичниот суд заради овој процес.

Од Основниот суд Скопје 1 Скопје претходно ја бараа големата сала на Врховен суд, но барањето беше одбиено со образложение дека таа просторија била од свечен карактер и не била опремена да функционира како судница.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група. 

Новото рочиште е закажано за 31 мај.