Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенеска вистинско лето – Температури до 39 степени

Денеска вистинско лето – Температури до 39 степени

Денес ќе биде многу топло со што може да се каже дека ќе почуствуваме вистинско лето со максимални температури до 39 степени, но и висок УВ индекс 9 па затоа ќе треба да избегнувате задржување на отворено на подолго време. Утринава температурите ќе се движат до 22 степени. Во Скопје денес ќе биде сончево и многу топло, а ќе има слаб северозападен ветер. Утринската температура е од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени со УВ индекс 8.