Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска променливо време – очекувајте сонце и дожд

Денеска променливо време – очекувајте сонце и дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени. УВ-индексот ќе биде 8.