Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска се празнува „Св. Климет Охридски“, последен неработен ден годинава. Еве кои денови ќе бидат неработни во 2016та!

Денеска се празнува „Св. Климет Охридски“, последен неработен ден годинава. Еве кои денови ќе бидат неработни во 2016та!

Денешниот ден, 8-ми Декември, е неработен ден за сите граѓани на Македонија, се чествува празникот „Св. Климент Охридски”.

Свети Климент Охридски (840 – 27 јули 916, Охрид) бил македонски светец, учител и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
Во 886 година ја формирал Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3.500 ученици.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско просветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот на Господ Исус Христос.

Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје, Соборниот храм, го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО 2016та ГОДИНА:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (петок), Нова Година
• 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден
• 02 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (вторник), Ден на Републиката
• 8 септември (четврток), Ден на независноста
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”


За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)
• 29 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 17 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 28 Март (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (среда), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик