Thursday, May 2, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноДали навистина подарувањето часовник претставува лош знак?

Дали навистина подарувањето часовник претставува лош знак?

Сигурно многумина од вас слушнале дека подарувањето часовник може да биде лош знак.  И тоа не е изненадувачки, бидејќи има работи кои не треба никогаш да се подаруваат.

Но работите со часовникот се посложени. Овој предзнак има кинеско потекло. Во денешно време, дури и Европејците се трудат да не подаруваат часовник. Малку луѓе знаат дека знакот часовник во кинеската култура, наликува на знаци за „смрт“. Постои легенда со источно потекло дека часовниците имаат исклучително силна негативна енергија. Ова верување ни доаѓа од источното учење фенг шуи што категорично забранува да се подарува часовник и во принцип забранува да не се држат стари предмети дома.

http://friday.mk/wp-content/uploads/2016/01/AUDEMARS.jpg

Некои луѓе веруваат дека часовникот привлекува зли духови. Да подарите часовник на пријател или сакана личност, ризикувате да го загубите, буквално или фигуративно. Во никој случај не земајте часовник од непознат човек. Ако ви го подарил некој непознат или човек што одвај го познавате, тоа може да има исклучително негативни последици за вас.

И на крај, не заборавајте дека во секоја култура и во секоја земја е забрането да се подаруваат часовници на стари луѓе, бидејќи тие се борат со времето, обидувајќи се да добијат за себе можност да останат подолго со децата и внуците. Ова е особено точно за суеверните луѓе. Вие може сериозно да ги навредите со таков поклон.