Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДачиќ тешко ги прифати изјавите на Заев: Ќе остават траги на односите

Дачиќ тешко ги прифати изјавите на Заев: Ќе остават траги на односите

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави вечерва дека изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека во Србија на власт е националистичко раководство е катастрофална и ќе остави трага на идните билатерални односи меѓу Србија и Македонија.

Дачиќ рече дека Заев не може да избира кој ќе биде на власт во Србија, исто како што и Србите не можат да избираат кој ќе биде во Македонија.

Во интервјуто за РТС Дачиќ рече дека е “речиси неверојатно” дека некој кој претендира да стане премиер дава “неодговорни и скандалозни изјави” и брутално го напаѓа премиерот и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, кој повикува на мирно решение за ситуацијата во Македонија, не се меша во нејзините внатрешни работи и вели дека стабилноста во Македонија е клучна за стабилноста на регионот.

Говорејќи за гестот на новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери кој стави албанско знаме на масата во неговата канцеларија, Дачиќ праша каде тоа во светот има знаме на друга држава на масата на претседател на Парламент.

Тој потсети дека Република Српска, која е субјект според Дејтонскиот договор, не може да има исто знаме како Србија со двоглав орел туку го тргна и сега има тробојка.

“Дали е ова Собрание на Република Македонија или заеднички парламент на Македонија и Албанија”, праша Дачиќ.