Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЧилиманов и Димишкова не дојдоа, пропадна седницата на ад хок телото за медиуми

Чилиманов и Димишкова не дојдоа, пропадна седницата на ад хок телото за медиуми

Привремената комисија за следење на медиумското преставување денес не се состана поради отсуството на членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК. На состанокот присутни беа членовите Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, кои се предложени од СДСМ. По еден час чекање да дојдат сите членови, заклучиле дека состанокот нема да се одржи.

Петтиот член на ова тело требаше да биде избран најдоца до вчера, но четворицата членови не можат да се договарат за изборот, кој според договореното ќе биде Албанец. Од предложените кандидати, во најтесен круг влегле Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.

Сега на ред е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која денеска треба да констатира дека петтиот член не е избран и за тоа да го извести Собранието, кое ќе треба да најде решение за да не дојде до одложување на изборите, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.