Wednesday, May 1, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмБрзо ќе се навлечете на ТВ серијата „Моќ“ на Фифти Сент

Брзо ќе се навлечете на ТВ серијата „Моќ“ на Фифти Сент

Контроверзниот рапер Фифти Сент е добар во хип-хопот и уште пред петнаесетина години ја освои американската музичка индустрија, а сега одлучи да го испроба својот талент и на малите екрани. Серијата Моќ (Power), која уште денес ексклузивно можеме да ја гледаме на Pickbox, донекаде е инспирирана и од бурниот живот на Фифти Сент. Освен споредната улога во серијата, Фифти Сент може да се пофали дека ја држи и продуцентската палка на серијата, чии епизоди во просек ги гледаат и над шест милиони луѓе.


Бегство од криминалот

Кога серијата „Моќ“ би морале да ја опишеме со неколку збора, би рекле дека тоа е серија на која човек лесно се навлекува. Уште во првата епизода се запознаваме со Дух, човек што своето богатство го стекнал во бизнисот со препродажба на дрога, но кој во мигот кога отворил ноќен клуб и почнал да заработува легално, посакал да се извлече од светот на криминалот. Тоа секако не е едноставно, како што ни на самиот Фифти Сент не му било лесно да се тргне од улицата, па пред куќата на баба му примил девет куршуми. Дух секако не е првиот високобуџетен криминалец (да се сетиме на „Кум“) кој посакува да се повлече од играта, но загубата речиси секогаш е преголема.


Нарко-крал кој е добар во душата

Во серијата „Моќ“, драма има тамам толку колку што е потребно за да можете возбудено да навивате за својот јунак (или антихерој), но да не се нервирате премногу. Поради улогата на Дух, актерот Омари Хардвик станал едно од најомилените лица од телевизиските екрани. Ликот што има свои позитивни и негативни страни, што не се плаши да покаже слабост и внатрешно превирање, ни станува мил баш затоа што е отелотворување на човекот со сите свои маани. Освен тоа, изгледа дека и самиот Фифти Сент е воодушевен од отелотворувањето на нарко-кралот од страна на Хардвик, кој всушност е добар тип.

„Омари е толку талентиран што само сакате да гледате како работи. На мигови ја советува целата екипа. Се трга и вели: ’Да ја пробаме сценава вака‘. Да се обидеме да ја снимиме сцената, но со сосема поинаква енергија“, вели Фифтри Сент.


Дух е попаметен од Хајзенберг

Сигурно сите се сеќавате на Волтер Вајт, викан Хајзенберг, кому му немало рамен во бизнисот со дрога. Секако, Дух не е луд како Хајзенберг и никогаш не би му текнало да убие толку луѓе, но е брилијантен стратег кој своите непријатели умее да ги држи на узда. Дополнително, неговата главна противничка, Анџела Валдес (Лела Лорен), која работи во одделот за наркотици, лудо е заљубена во него. За да има уште повеќе драма, Дух, освен љубовницата, има уште една жена во животот, а тоа е неговата сопруга Таша (Натури Нотон). Со секоја епизода во игра има уште малку повеќе ризик и опасност, но и значително повеќе возбуда.

Сите епизоди на „Моќ“ гледај ги на Pickbox и уживај во серијата која доби одлични оценки од публиката и критиката.