Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБрод за крстарење се судри со танкер во протокот Дарданели

Брод за крстарење се судри со танкер во протокот Дарданели

Брод се судри со танкер во во северниот дел на протокот Дарданели, при што нема повредени, соопшти РИА Новости, повикувајќи се на информации од компанијата-оператор на патничкиот брод. Бродот за крстарење “Селестино Кристал”, пловел од Грција за Истанбул.
brod
Претходно денеска специјализираното интернет издание “Морско Билтен-Совфрахт” соопшти дека при судирот има настрадани. Бродот со 853 патници и 382-члениот екипаж патувал од Миконос за Истанбул. Според податоците на изданието во 01.25 часот по локално време тој се судрил во северниот дел на теснецот со танкерот “Пимлико”, кој пловел од рускиот црноморски град Туапсе кон Малта. Сите патници и членови на екипажот се во добра здравствена состојба, а самиот брод добил мали оштетувања. На бродот имало 853 патници и 382 членови на екипажот, кои патувале од грчкиот остров Миконос кон Истанбул. И двата брода се закотвени во близина на полуостровот Галиполи во Турција.