Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБразилските медиуми: Нејмар ја напушта Барселона

Бразилските медиуми: Нејмар ја напушта Барселона

Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, одредени бразилски медиуми пишуваат дека ѕвездата на каталонскиот клуб Нејмар да Силва, ќе одигра само уште една сезона во дресот на Барселона! Бразилскиот магазин „Universo Online” пишува дека 24-годишниот фудбалер во разговор со својот татко, заклучил дека Париз е подобра опција за развој на неговата кариера, бидејќи како што сметале тој и неговиот татко на „Камп Ноу“ тој бил постојано во сенка на Лионел Меси.

Според овие шпекулации, претседателот на Парис Сен Жермен Насер Ал Келаифи веќе се сретнал со Вагнер Рибеиро, човекот кој го претставува бразилскиот репрезентативец. Нивниот состанок се случил минатата недела во Ибица, а се смета дека Рибеиро и Ал Келаифи веќе започнале со преговори. Напаѓачот моментално се подготвува за предстоечките Олимписки игри во Рио, а токму поради Олимпијадата, Нејмар не се наоѓа со својата репрезентација на Копа Америка.