Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдредена казната на Нејмар за непочитување на судиите

Одредена казната на Нејмар за непочитување на судиите

Бразилецот е исклучен против Малага, доби два жолти картони, но доби малку посилна од очекуваната суспензија. Барса е поразена од Малага на гостински терен, и со тоа се одалечи чекор од титулата.

Во наредното коло играт со Реал Сосиедад за веднаш потоа да ја одмерат силата со Реал Мадрид во популарното “Ел Класико”. Како што стојат работите, за овие две средби нема да може да смета на Нејмар, кој на “Росаледи“ заработи два жолти картони, а потоа и ракоплескаше на четвртиот судија поради незадоволството од исклучувањето.

Како по правило, парни картони значат еден натпревар суспензија, но затоа што на саркастичен начин аплаудираше е казнет со два дополнителни натпревар.

И покрај тоа што Жил Манцано го изостави од својот извештај аплаудирањето на Нејмар, но управниот одбор ги погледна снимките и дополнително го казни Бразилецот,