Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Ботовите“ и натаму верни на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук

„Ботовите“ и натаму верни на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук

Голем број на статуси и објави на официјалните страници на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзините видни членови често се преплавени со идентични коментари од страна на лица кои со технички израз се опишуваат како ботови. За да не го сфатите веднаш како навреда бот е компјутерски ентитет кој извршува однапред утврдена задача.

ums botovi

Од партијата немаат точен одговор дали станува збор за ангажирање на лажни профили но, негираат дека упатуваат наредби и насоки за тоа како треба да коментира членството на нивните објави на Фејсбук.
По бламажата со пратеничката Даниела Рангелова која самата себе се пофали за одличниот говор во Собранието сега се појави и принтскрин од коментарот “Во УМС е силата да се множат годините!” кој се повторува на повеќе статуси и е идентично поставен од страна на „ботовите“.

Rangelova

Еден од најпопуларните „бот“ коментари на социјалните мрежи убедливо е „Одличен проект“, па од него излегоа и бројни пародии.