Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБомбашки напад врз државниот обвинител на Египет

Бомбашки напад врз државниот обвинител на Египет

Бомбашки напад во Египет. Државниот обвинител Хишам Барахат ранет е денеска во напад на неговиот автомобил во Каиро. Бомбата експлодирала додека неговиот конвој поминувал низ станбениот комплекс Хелиополис. Покрај Баракат, при нападот се повредени уште три лица – двајца негови телохранители и еден случаен минувач.
eg1
Египетското парвосудство се почесто е цел на напади на милитанти кои се противат на администрацијата на претседателот Абдела фатаха ал Сисиј и острите казни кои беа изречени за членовите на Муслиманското братство. Досега непознатата група Народен отпор на Гиза презеде одговорност за денешниот бомбашки напад. Групата на својот профил на Фејсбук објави дека го извршила нападот во близина на домот на Баракат во каирската населба Хелиополис и објави фотографии од инцидентот. Западните медиуми наведуваат дека засега не може да се потврди автентичноста на ова соопштение.