HomeДЕНЕШНАЕкономијаBlackBerry отпушта вработени, ќе се спасува со Android

BlackBerry отпушта вработени, ќе се спасува со Android

BlackBerry ги бележи најслабите резултати во историјата со пазарно учество од само 0.3 проценти што неизбежно ќе доведе до повторно отпуштање на голем дел од вработените, а точниот број не е откриен.

„Како што BlackBerry продолжува во новата фаза на трансформација мора да го задржиме фокусот на ефикасност на работната сила ширум светот“ соопшти портпаролоката на BlackBerry.

BlackBerry-Venice-running-Android-Lollipop.

Последната шанса за пресврт и враќање во живот BlackBerry ја гледа во лансирање на Android смартфон што ќе овозможи корисниците да одберат многу поатрактивна софтверска платформа и на овој начин можеби ќе порасне профитот.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com