Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоради крризата граѓаните и компаниите помалку штеделе во април, соопшти НБРМ

Поради крризата граѓаните и компаниите помалку штеделе во април, соопшти НБРМ

Штедењето во април е намалено во однос на минатиот месец, информира Народна банка. Оттаму велат дека намалување на депозитите има и кај населението и кај претпријатијата.

„Во услови на зголемена неизвесност, поумерено е намалувањето кај депозитите на населението“, додаваат од Народна банка.

Во однос на кредитната активност, првичните податоци за април покажуваат пораст на кредитите на месечна основа, повеќе на населението отколку на компаниите.

„Во април, непосредно по неколкумесечниот пораст, ликвидноста на банките умерено се намали, главно поради сезонски повисоката побарувачка за денарска готовина на населението, која е карактеристична пред велигденските и првомајските празници. Повисоката понуда на девизи на менувачкиот пазар главно беше резултат на сезонски ефект, односно за време на велигденските празници“, се вели во извештајот на Народна банка.