Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе посвети песна на жртвите во Турција

Бијонсе посвети песна на жртвите во Турција

Последната песна на концертот во Амстердам Бијонсе ја посвети на жртвите на неуспешниот државен удар во Турција. Популарната пејачка моментално се наоѓа на турнејата „Formation World Tour“, а откако во саботата слушнала за случувањата во Турција, одлучила на концертот во Амстердам да посвети песна на починатите.

„Ова е песна за љубовта. Сакам да ја посветам на сите оние кои го загубија животот во Турција, помогнете ми да ја отпеам“, изјавила Бијонсе за време на концертот.