Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБесими ја смирува топката, дали ДУИ ќе ретерира од најавата за етнички вработувања во приватниот сектор?

Бесими ја смирува топката, дали ДУИ ќе ретерира од најавата за етнички вработувања во приватниот сектор?

 

Големи реакции предизвика најавата на првиот вицепремиер  за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, и поддршката од Билал Касами, лидерот на БЕСА, за воведување на субвенционирање на етнички вработувања во приватниот сектор, на немнозинските заедници, јавноста генерелно беше со негативни реакции, и оваа најава беше дочекана „ на нож“. Дури, и етнички Албанци/ки, ја критикуваа оваа мерка во најава, велејќи дека „Албанците не се неспособни за да бидат вработувани по етнички клуч во приватниот сектор“.Сите економисти ја отфрлија оваа „идеа“, како краен стадиум на етницизирање на општеството и државата и „либанизација на Македонија“. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, веројатно во интервју за Радио Слободна Европа, ја смирува топката.

Во економијата квалитетот ќе биде пред сè, тој ќе биде детерминирачки, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека Владата ќе промовира диверзитет при вработување во бизнис секторот, како што тоа се прави во светски фирми и меѓународни институции.

На прашањето за најавените субвенции за етнички вработувања тој вели дека во програмата има таква формулација што ќе го охрабри приватниот сектор со цел поддршка и промовирање на добри меѓуетнички односи и толеранција.

„Одма да разграничам тоа што е важно, оти гледам дека во јавноста се создадоа доста активности во однос на оваа тема, значи во економијата, тоа не само кај нас, туку и во целиот свет, квалитетот ќе биде пред сè, тој ќе биде детерминирачки, а ние веруваме, јас лично верувам дека граѓаните независно од нивната етничка припадност имаат свои квалитети како личности и професионалци“,

вели Бесими.

Според него, идејата на ова е да бидат вредности како што постојат во Европска унија, односно диверзитетот да биде една од вредностите.

„Како што има во светските глобални компании, како што денес еден Гугл во кој главен извршен директор е од Индија, така и тука диверзитетот ќе биде само позитивна вредност во нашата економија и тоа да произлезе и од потребите на пазарот. И мислам дека и во соработка со бизнис заедницата тоа може да биде само еден нормален процес согласно квалитетот и пазарните принципи, а со оглед на тоа владата со поддршка за промоција на диверзитетот, кои се вредности во Европска унија, за која ние имаме цел да станеме дел од тоа“,