Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБешикташ започна преговори со Челзи за Фабрегас

Бешикташ започна преговори со Челзи за Фабрегас

Бешикташ започна преговори со Челзи за Франсеск Фабрегас, соопштува „Aksam“. Претседателот на турскиот гигант Фикрет Орман лично патувал до Лондон, за да се сретне со претставниците на англискиот клуб и да разговара за шпанскиот фудбалер.

Фикрет Орман има грандиозни планови за летната селекција на тимот. Бешикташ сака да ги привлече уште Радамел Фалкао од Монако и Месут Озил од Арсенал.

Фабрегас има договор со Челзи до летото 2019 година, а менаџерот на Антонио Конте не сака да се раздели со фудбалерот.

Во оваа сезона Фабрегас запиша многу помалку време на теренот во споредба со минатата кампања, но Конте продолжува да се потпира на него.