Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА ги казни Лион и Бешикташ со условна забрана за европски настапи

УЕФА ги казни Лион и Бешикташ со условна забрана за европски настапи

Големи нереди на Парк ОЛ го одложија стартот на средбата помеѓу Лион и Бешикташ во четвртфиналето од Лига Европа, а тимовите за тоа заработија казни од УЕФА. УЕФА ги казни Лион и Бешикташ со условна забрана за настап во Европа за серијата инциденти кои фановите на двата клуба ги направија на Парк ОЛ минатата недела. Клубовите исто така добија и парична глоба од 100.000 евра.

Беа употребени пиротехнички средства, фанови се симнаа на теренот, а на трибините се случуваа масовни тепачки помеѓу домашните и гостинските навивачи. Лион и Бешикташ ќе бидат суспендирани од европските настапи доколку во период од две години направат сличен инцидент.