Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБеса оформи комисија за преговори со СДСМ

Беса оформи комисија за преговори со СДСМ

Централното претседателство на Движењето БЕСА одржа седница на која е дискутирано за основните начела за заедничкото владеење со СДСМ, соопштија денеска од партијата.

На средбата е донесена одлука за формирање посебна комисија, која ќе ги почне преговорите со новиот мандатар, а за координатор на комисијата е избран Арбен Лабеништи, потпретседател на Движење БЕСА.

„Во духот на ветувањето за транспарентност со албанските гласачи, Централното претседателство на БЕСА го информира членството, но и јавноста, дека останува посветена на својата изборна програма, со која ја освои довербата на Албанците во Македонија на изборите од 11 декември 2016 година. За другите детали и за исходот на преговорите јавноста навремено ќе биде информирана“, соопштија од партијата.