Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБерлускони: Единствено Гадафи можеше да го одржи интегритетот на Либија

Берлускони: Единствено Гадафи можеше да го одржи интегритетот на Либија

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони смета дека единствено поранешниот лидер на Либија полковникот Моамер Гадафи можеше да го одржи единството на Либија. Ова го изјави во интервју за египетскиот весник Ал Ахрам.

“Франција, Велика Британија и САД беа засегнати од она што сега го нарекуваме ”арапска пролет“. Сега, нема јасна стратегија за политичкиот и социјалниот развој на земјата по промената на режимот. Да, Гадафи беше диктатор, да, тој изврши многу грешки, но само тој можеше да ја задржи обединета Либија. Сега таму гледаме анархија, насилство на екстремистички исламистички групи “- смета италијанскиот политичар.

Берлускони е убеден дека доаѓањето на власт на исламистите во Либија за регионот на Медитеранот ќе биде “катастрофа”. “Тоа ќе биде постојан опасен извор на нестабилност во регионот и на целиот африкански континент. Ќе продолжи нелегалната миграција, сето тоа ќе предизвика и несогласувања и нестабилност во Европа“ – категоричен е во својата прогноза Берлускони.