Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБалотели се сели во Примера и станува дел од најлудиот напаѓачки тандем?!

Балотели се сели во Примера и станува дел од најлудиот напаѓачки тандем?!

Марио Балотели би можел да биде повторно дел од луд трансфер. Како пренесува шпанското радио Кадена копе, Марио Балотели е во напредни преговори со Лас Палмас.

Очигледно, клубот од Канарските Острови е подготвен да му понуди на Балотели договор за една година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Балотели на лето потпиша едногодишен договор со Ница, така што во јуни повторно е слободен.

Тој оваа сезона постигна 15 гола во Лига 1 и 17 во сите натпреварувања, најдобар настап во една сезона од почетокот на неговата кариера.

Ако Балотели се пресели во Лас Палмас, тој и Кевин-Принс Боатенг, најверојатно ќе бидат најлудиот напаѓачки тандем во модерниот фудбал.