Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАрета Френклин ги откажа своите концерти

Арета Френклин ги откажа своите концерти

Американската соул пејачка Арета Френклин откажа неколку предстоечки концерти бидејќи докторите и советуваа одмор. 74-Годишната музичарка наведе во соопштението дека „по совет од докторите“ била принудена да ги откаже концертите најавени за септември, но и настапот закажан за 26 август во близина на градот Виена, во Вирџинија.

Areta-f1

Таа исто така соопшти дека од ноември повторно ќе продолжи со концертите. Арета Френклин во 2015 година откажа настап во Лас Вегас поради исцрпеност.