Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАпсењето новинари во Турција продолжува – Војната против неистомислениците не е завршена

Апсењето новинари во Турција продолжува – Војната против неистомислениците не е завршена

Судот во Истанбул денеска повторно издаде налог за апсење на 12 новинари, кои биле ослободени минатиот месец од притвор, каде се наоѓале во врска со истрагата за осуетениот обид за преврат во јули минатата година. Минатиот месец турски суд донесе одлука 21 новинар да бидат ослободени од притвор во очекување на судскиот процес поради обвинение за „обид за соборување на Владата“. Обвинителството итно започна нова истрага и повторно побара тие да бидат уапсени.

Сите новинари биле уапсени уште истата ноќ, а според денешната судска одлука 12 од нив ќе бидат оставени во притвор, еден ќе биде ослободен и под судски надзор, а останатите осуммина се ослободени. Новинарите работеле во весникот „Заман“ и други медиуми, кои се осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за државниот удар. Во моментот, над 140 новинари се наоѓаат во затвор во Турција.