Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаАнтиќ, Чековски и Бо повратници во репрезентацијата!?

Антиќ, Чековски и Бо повратници во репрезентацијата!?

Објавен поширокиот список на кошаркари кои би настапиле на Евробаскетот во Хрватска. Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ ја изненади јавноста со враќањето во репрезентацијата на Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Лестер Бо Мекејлеб.

Macedonia's Pero Antic (L) goes for a basket against New Zealand's Jeremiah Truemen during their 2012 FIBA Olympic Qualifying Tournament in Caracas July 3, 2012. REUTERS/Carlos Garcia Rawlins (VENEZUELA - Tags: SPORT BASKETBALL OLYMPICS)

Предраг Самарџиски преку соопштение истакна дека ќе биде на располагање на селекторот Џикиќ на Евробаскетот, а освен него повратник во репрезентацијата е и Владо Илиевски со што значително ни се зголемуваат шансите за посериозен пласман.

Нашите кошаркари ќе ги започнат подготовките на 25 јули во Скопје, ќе одиграат повеќе контролни натпревари во Охрид и во Гевгелија, а ќе се натпреваруваат и на турнири во Литванија и во Шпанија. Македонија во Загреб ќе игра во групата со Грција, со Словенија, со Грузија, со Холандија и со домаќинот Хрватска.

Списокот на кошаркари за Евробаскетот:

Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, ЛестерБо Мекејлеб, Владо Илиевски, Предраг Самарџиски, Андреј Магдевски, Димитар Караџоски, Александар Костоски, Димитар Мираковски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Бојан Крстевски, Ричард Хендрикс, Марјан Јанески, Љубомир Младеновски, Ненад Димитријевиќ и Андреј Маслинко.