Thursday, Oct 19, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмАнџелина Џоли ќе снима воена драма за Камбоџа

Анџелина Џоли ќе снима воена драма за Камбоџа

Анџелина Џоли заедно со медиумскиот провајдер „Нетфликс“ ќе снима филм според книгата на писателката Лунг Унг – „Прво ги убија татко ми: Сеќавање на ќерката на Камбоџа“.

Филмот, кој ќе се базира на мемоарите Унг за нејзиниот живот во текот на режимот на Црвените Кмери во Камбоџа додека била дете, се очекува да биде достапен на сервисот „Нетфликс“ кон крајот на 2016 година. Актерка и режисерка, Анџелина Џоли, која заедно со авторката од Камбоџа ќе го напишат сценариото за филмот, изјави дека овие сеќавања ги разбудиле чувствуата за нејзиното разбирање како децата ја доживуваат војната.

Џоли вели дека тоа и помага да ја зајакне својата врска со Камбоџа, каде што е роден нејзиниот син Медокс. Познатата актерка неодамна го режираше филмот „Unbroken“, во кој се зборува за Луис Замперини, олимписки тркач кој бил заробен од Јапонците во текот на Втората светска војна, и „By the Sea“ каде глуми со нејзиниот сопруг Бред Пит.