Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАлибаба купи две француски винарии

Алибаба купи две француски винарии

Кинескиот милијадер Џек Ма, основач на компанијата за интернет трговија Алибаба, купи две познати француски винарии за речиси 12 милиони евра. Станува збор за Шато Гери и Шато Перен, кои датираат од 18 век и се наоѓаат во срцето на винскиот регион Бордо. Сопственикот на винариите, винскиот магнат Бернар Мегре ја потврди оваа информација за АФП.

Дека Џек Ма е сериозен кога станува збор за бизнисот со вино, потврдува и фактот што во февруари годинава инвестираше во винаријата Шато де Суд, во чиј состав е и дворец од 18-ти век. Инаку, Кина е најголемиот потрошувач на црно вино во светот и најголем извозен пазар за Бордо.