Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТри македонски компании завршија во рацете на хрватски АгроФруктс

Три македонски компании завршија во рацете на хрватски АгроФруктс

Хрватската групација, АгроФруктс вчера објави дека во Македонија купила три големи компании кои се занимаваат со откуп на свежо овошје и зеленчук. Се работи за компаниите ВАНТ, Еуро-Агрија и Футура, чии седишта се во Струмица и околината. Вкупната пазарна вредност на трите компании изнесува околу 6,7 милиони евра, а нивниот годишен откуп изнесува околу 20.000 тони свежо овошје и зеленчук.

АгроФруктс е сопственик и на најголемиот и најмодерниот откупно-дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук.
„Преку оваа аквизиција ќе ја зајакнеме својата позиција на набавниот пазар, дополнително ќе ги пополниме капацитетите и ќе ја прошириме трговската база. Очекуваниот ефект е зголемување на волуменот и проширување на нови пазари“, изјави претседателот на Управата на АгроФруктс, Денис Матијевиќ.