Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАдеми: На ВМРО му беше проблем СЈО, а не законот за јазиците

Адеми: На ВМРО му беше проблем СЈО, а не законот за јазиците

Проблемот не беше законот за јазиците, проблемот беше продолжувањето на рокот за работа на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Не мислам да ги повторувам ставовите кои сто пати беа искажани од претседателот на ДУИ Али Ахмети до портпаролот Бујар Османи. Не беше проблем ни Талат Џафери, ни ништо, туку проблем во преговорите беше само мандатот на СЈО да покренува обвиненија, рече пратеникот од ДУИ Џеват Адеми денеска од собраниската говорница.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, реплицирајќи му на Адеми рече дека се согласува со него дека „СЈО е проблем“ но како што рече, тоа е затоа што СЈО почнало да ја истражува и работата на ДУИ.

На вчерашната седница Адеми реплицирајќи му на првиот говорник, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече:

– Не ги навредувајте Албанците, Сè има граница, и клеветата, и инсинуацијата. Милошоски, од кога ти пречи таканаречената Тиранска платформата која не постои? После 29 јануари? Ни пред 29 јануари, ни после 29 јануари, таа не постои. Албанците во Македонија имаат свои легитимни, легални политички организации, тие имаат легална и демократска политичка елита. Тие немаат потреба од инструкции, од наметнати документи и немаат потреба да бидат ничии аргати за други цели.

Тој праша дали на ВМРО-ДПМНЕ ѝ пречи Талат Џафери да биде претседател на Собранието.