Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАболицијата на чекор до повлекување во Собранието

Аболицијата на чекор до повлекување во Собранието

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа иницијатива за измена на законот за помилувања од страна на претседателот и со новите амандмани ќе се создаде правна можност за повлекување на веќе изречена аболиција. Седницата на Собранието кое се врати во функција е закажана за 14 часот. Самиот модалитет на повлекувањето на Иванов ќе биде договорен меѓу партиите, а се уште е активна и иницијативата за негов импичмент.