Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаААВМУ: Радио „Скопје“ и ТВ „Нова“ го прекршиле изборниот молк

ААВМУ: Радио „Скопје“ и ТВ „Нова“ го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска соопшти дека првиот програмски сервис на „Македонско радио“ (Радио „Скопје“) и ТВ „Нова“ го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг од локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за поведување прекршочна постапка.

Според ААВМУ, во тек на изборниот молк, во емисија за земјоделците на Радио „Скопје“ биле емитувани изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ТВ „Нова“, според ААВМУ, на двапати, на 26 и 27 октомври, последни денови од надзорот на изборната кампања, ги прекршила лимитите за платено политичко рекламирање. ТВ „Нова“ емитувала повеќе од дозволените осум минути за платено политичко рекламирање на реален час емитувана програма за политичките партии во опозиција.

ААВМУ најавува дека кон крајот на неделава ќе бидат објавени извештаите за начинот на известување на радиодифузерите за време на изборната кампања во вториот круг.