Уште три оставки во ДИК – остануваат Бонева, Срцев и Асани Салија
Вкупно шест членови досега поднесоа оставки од Државната изборна комисија. По претседателот Александар Чичаковски, членовите Виолета Дума и Игор Милев, денеска оставки поднесоа потпретседателот Реџеп Прекопуца, Субхи Јакупи и Атанас Урумов.
Според информациите на НОВА ТВ од Државната изборна комисија, оставки подготвуваат и членовите на предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.
Единствено засега оставка нема најавено Ермира Асани Салија, која е член на ДИК на предлог од партијата БЕСА.