Tuesday, Apr 30, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика(Видео) Амел Чурич ја претстави својата нова песна

(Видео) Амел Чурич ја претстави својата нова песна

Регионална музичка ѕвезда, и победникот на музичкото шоу “X Factor”, Амел Чурич ја претстави новата песна со наслов “Хипохондар“ . Песната има и интересен спот во кој се појавува познатиот актер Милан Павловиќ, познат како Дино Мехмед Мујкиќ од серијата “Луд збунет нормален”.

По големиот успех со дуетската песна “Кост” кој ја отпеа заедно со Емина Јахович, Амел Чурич одлучи да ја изненади публиката со еден летен хит, која од сите ќе мами насмевки и ќе и ги направио овие летни денови незаборавени.

“Ова е песна за сите оние кои ги мачат слатки мали љубовни проблеми. Нема лето без летна романса, и една таква е темата на мојата нова песна. Среќен сум што можам да го претставам на публиката мојот нов сингал и видео спот, кој беше снимен во близина на Дубровник, во одлично друштво. Верувам дека “Хипохондар“ ќе го одбележи ова лето “, изјави Амел.

Во видеото, кое има многу импресивни снимки на морето и природата во близина на Дубровник, освен актер Милан Павловиќ се појавуваат и светски топ модел Аида Јахиќ и Ана Баврка, неодамна именувана за нов Мис на светот 2017.