Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика(Видео) ТЛЦ се вратија, преслушајтего нивниот нов сингал

(Видео) ТЛЦ се вратија, преслушајтего нивниот нов сингал

ТЛЦ се врати со ретро баладата “Way Back” во која им се придружи и ветеранот Снуп Дог. Песната е ода на славните денови на деведесеттите кога девојките жареа и палеа по светските топ листи.

“Way Back” е првиот сингл од нивниот најнов албум, финансиран од страна на фановите. Девојките си поставија цел од 150 000 долари, а собрани се повеќе од 430 000 долари. Албумот беше одложуван неколку пати, а фановите веќе почнаа да се шалат дека девојките избегале со парите.

Нивниот менаџер објави дека албумот ќе излезе на 30-ти јуни. “Тионе и Чили работат деноноќно за да се постигне целта”, изјави Бил Дигинс.

Инаку, ТЛЦ е основана во 1991 година, а бендот тогаш се состоеше од Тионе, Чили и Лиза Лопез кој за жал трагично загина во сообраќајна несреќа во 2002 година. До денес, се единствената женска група која има направено дијамантски тираж благодарение на албумот “CrazySexyCool”.