Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: СДС е црната чума која ѝ се случи на Македонија во поглед на невработеноста

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е црната чума која ѝ се случи на Македонија во поглед на невработеноста

„СДС е црната чума која ѝ се случи на Македонија во поглед на невработеноста. Во времето на СДС, таа изнесуваше енормни 38 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ со посветена работа и со ефикасна економска политика успеа да ја намали на историски најниски 23,1 отсто“, порача опозициската партија во своето редовно утринско соопштение, во кое прави споредби за повеќе сфери во текот на владеењето на СДСМ и во текот на нејзиното владеење со државата.

ВМРО-ДПМНЕ вели оти се сомнева дека СДСМ ќе може да ги повтори нејзините успеси.

„ВМРО-ДПМНЕ остави цврсто трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО, здрава економија, со добра основа за пораст и развој, пат кој оваа некадарна гарнитура на СДС тешко ќе може да го следи“, стои во соопштението.