Скот Синклер прогласен за играч на годината во Шкотска
Фудбалерот на Селтик, Скот Синклер беше прогласен за играч на годината од страна на Асоцијацијата на шкотскиот фудбал. 28-годишниот Англичанец има постигнато 25 гола во својата прва сезона играјки за Селтик и зад себе го остави неговиот колега Муса Дембеле кој има 17 постигнати голови.
За најдобар млад играчи, исто така е прогласен играч на Селтик Киран Тирни, додека тренерот на Селтик, Брендан Роџерс беше назначен за менаџер на годината.
“Јас сум многу среќен и горд, имав среќа да освојам ваква слична награда во англиската Премиер лига. Ова е престижна награда, и само треба да се погледне кои се луѓе ја добивале оваа награда пред мене“, рече Брендан Роџерс.