Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗа кој наш репрезентативец Селтик нуди 2 милиони евра?

За кој наш репрезентативец Селтик нуди 2 милиони евра?

Спортските весници и портали се преплавени со веста за заинтересираноста на Селтик за македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани.

Хасани ова лето пристигна во прволигашки Шкендија од Брондби како слободен играч. Доколку се оствари овој трансфер, тогаш тоа би бил најголемиот трансфер на еден фудбалер од македонско првенство во странство.

Уште еден шкотски тим е заинтересиран за македонски фудбалер. Имено, „Македонски спорт“ пишува дека Абердин е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Шкендија, Христијан Кировски.